• вторник, 05 ноември 2024

Во штипската населба Стар Караорман се асфалтираат улици

Во штипската населба Стар Караорман се асфалтираат улици

Штип, 27 август 2024 (МИА) - Почна асфалтирањето на неколку пристапни улици во штипската приградска населба Стар Караорман, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Станува збор за улици кои во изминатите 50 години не биле асфалтирани, а граѓаните оделе по кал. Инвестицијата од 1,5 милиони денари се реализира од буџетот на Општина Штип.

- Свесен сум и сум сигурен дека оваа информација, којашто денеска ја споделуваме ќе ги мотивира нашите сограѓани, коишто имаат ваков или сличен проблем, да го предочат кон нас, за да бидат ставени во Програмата за уредување на градежно земјиште. Затоа ги мотивирам нашите сограѓани да ги презентираат проблемите со коишто се соочуваат и во рамките на нашите расположиви ресусри, во рамки на нашите можности ќе ги реализираме во наредните месеци, вели Јорданов.

Во Штип во тек е реализација на уште неколку инфраструктурни проекти во централното градско подрачје и низ населбите. вдј/мд/

Фото: МИА

 

Остани поврзан