• петок, 05 декември 2025

Во ЦУК работилница за Националниот систем за известување

Во ЦУК работилница за Националниот систем за известување

Скопје, 17 ноември 2025 (МИА) - Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, денеска оствари средба со експертот ангажиран од International Telecommunication Union (ITU), Грегор Јаенин, кој учествуваше на работилница за изработка на студија за имплементација на Национален систем за известување. 

Како што наведуваат од ЦУК, по средбата се одржала работилница организирана во соработка и со поддршка од ITU, како дел од процесот за изработка на студија за имплементација на Национален систем за известување (National Public Warning System – PWS), со примена на најсовремени технологии. ев/вј/

ФОТО: ЦУК

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан