• понеделник, 23 декември 2024

Во Центарот за јавно здравје Куманово, достапни нови анализи на микробиологија

Во Центарот за јавно здравје Куманово, достапни нови анализи на микробиологија

Куманово, 4 октомври 2023 (МИА) - Кумановци од денеска ќе можат да прават нови анализи во одделот за микробиологија, соопштија денеска од Центарот за јавно здравје. Во одделот за молекуларна дијагностика во Центарот за јавно здравје достапни се и ХПВ типизација и анализи за респираторни инфекции.

Од јавната здравствена установа информираа дека отсега пациентите нема да мора да патуваат до Скопје за овие анализи.

Достапни ќе се преку упат од матичен лекар или од лекари од општа болница и исипувањата се на товар на Фондот за здравствено осигурување. Пациентите од Куманово и соседните општини нема да мора да одвојуваат дополниителни средства за патувања надвор од Куманово, изјави директорот на установата, Ариф Љатифи.

Денеска се одржа презентација на новите анализи и пред лекарите од јавните здравствени установи.

- Од денеска на кумановските пациенти достапни им се нови анализи. Со едната, ХПВ типизацијата се испитува евентален дисбаланс на флората. Наредниот период нè очекува периодот на респираторни вируси и со втората анализа се докажува вирус на повеќе типлови грип, на коронавирусот, изјави доктор Христина Станковска Ивковска, од Центар за јавно здравје. ам/свс

Фото: МИА

Остани поврзан