• сабота, 15 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Франција уапсен алжирски тиктокер кој повика на терористички напади

Во Франција уапсен алжирски тиктокер кој повика на терористички напади

Брест, 3 јануари 2025 (МИА) – Во францускиот град Брест е уапсен алжирски инфлуенсер познат по името „Зазујусеф“, кој преку мрежата „ТикТок“ повикувал на терористички напади во земјата, соопшти министерот за внатрешни работи на Франција, Бруно Ретајо.

- Алжирскиот инфлуенсер Зазујусеф, кој ја повика својата заедница да изврши терористички напади во Франција, мора да одговара за своите постапки пред суд, напиша францускиот министер на Х.

Тој додаде дека инфлуенсерот бил уапсен утринава во Брест и им се заблагодари на „судиите за прекршоци и на полицијата кои го овозможиле ова апсење“. јт/

Остани поврзан