• петок, 22 ноември 2024

Во Франција бројот на жртви од Ковид-19 поголем од 100 за првпат после 13 дена

Во Франција бројот на жртви од Ковид-19 поголем од 100 за првпат после 13 дена
Париз, 2 јуни 2020 (МИА) - Бројот на смртни случаи од коронавирус во Франција денеска се зголеми за повеќе од 100 за првпат после 13 дена, во момент кога земјата ги олеснува рестриктивните мерки воведени со цел спречување на ширењето на Ковид-19, соопшти француското Министерство за здравство. Бројот на починати се зголеми за 107, или 0,4 проценти, на вкупно 28.940, со што Франција е на петто место по број на смртни случаи во светот. Во исто време, според Министерството за здравство, бројот на пациенти во болниците се намали на 14.028 од 14.228, колку што беше вчера. Бројот на пациенти во единиците за интензивна нега исто така се намали на 1.253 од вчерашните 1.302. Во болниците се регистрирани 84 нови случаи на коронавирус, додека се уште нема податоци за домовите за стари лица за последните три дена, со што вкупниот број на заразени со коронавирус се зголеми на 189.304. јт/

Остани поврзан