• понеделник, 06 мај 2024

Во Украина уапсени две лица осомничени за шпионажа за Русија

Во Украина уапсени две лица осомничени за шпионажа за Русија

Киев, 26 април 2024 (МИА) – Украинските безбедносни служби (СБУ) денеска соопштија дека уапсиле две лица осомничени за шпионирање за Русија.

Уапсените се претставувале како механичари, патувале на североистокот на земјата, лоцирале воени позиции и пренесувале информации за бомбардирање во Русија.

Според извештаите, тие имале задача да ги идентификуваат позициите на одбранбените линии на украинската армија во близина на Харков, кој беше цел на руски напади во последните недели.

Тие беа уапсени и обвинети за велепредавство, кривично дело казниво со доживотен затвор. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан