• вторник, 26 ноември 2024

Во Тетово ќе биде поставена првата повратна вендинг машина

Во Тетово ќе биде поставена првата повратна вендинг машина

Скопје, 14 октомври 2021 (МИА) - Првата повратна вендинг машина на Пакомак во Тетово ќе биде поставена денеска во 13:30 часот во Веро.

Станува збор за седма вендинг машина во земјава, а четврта која е поставена во ланецот на Веро.

Покрај претставниците на Пакомак, на настанот ќе бидат присутни и министерот за животна средина, Насер Нуредини, како и претставници на Општина Тетово.

Главната цел на овие вендинг машини е зголемување на можноста за селективно одложување на отпадот, особено во урбаните средини. ар/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан