• петок, 05 декември 2025

Во Тетово се одржува форум за добро управување на заштитени подрачја во регионот

Во Тетово се одржува форум за добро управување на заштитени подрачја во регионот

Тетово, 18 јуни 2025 (МИА) -  Во Тетово се одржува регионален форум за добро управување и меѓуинституционална соработка во заштитените подрачја во Северна Македонија, Албанија и Косово. Организатор е Фондација „Поврзување на природните вредности и луѓето“.  

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити се обрати на форумот и рече дека како Влада секогаш ќе имаат поддршка за вакви иницијативи кои се однесуваат на заштита на природата.

-Во исто време размислуваме како да се реализира тоа се да стане туристичка атракција, како што е случај со Австрија и други успешни земји, каде се менаџерираат овие природни богатства на успешен начин со успешни примери. Воедно да соработуваме со нашите соседи, во овој случај со Република Косово заедно да работиме за заштита на Шар Планина - тоа е како туристичка атракција за двете држави, искористувајќи успешни примери во Европа и други земји, посочи Меџити.

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами потенцираше дека развојот на туризмот на Шар Планина преку вакви иницијативи ќе донесе и развој во другите области.

-Тоа е еден од комплексните проекти со кои ќе целиме од заборавена дестинацијата да биде центар, не само на локалниот економски развој, туку и на државата. Со инвестициите кои се предвидуваат и во делот на отворање на патот Тетово-Призрен, со кои ќе се поврзуваат трите држави во овој проект Македонија, Косово и Албанија, исто така и со инвестициите кои веќе се подготвуваат и се прикрај во делот на Попова Шапка како туристичка дестинација ние во блиска иднина на Шар Планина ќе и го вртиме сјајот кој го имаше некогаш, оцени Касами.

Извршниот директор Нехат Рамадани изјави дека со овој форум ја поставуваат основата за регионален дијалог за зајакнување на управувањето и поттикнување на ефективна соработка меѓу институциите одговорни за управување со заштитени подрачја.

- Претставници од Северна Македонија, Албанија и Косово се собираат за да споделат искуства, предизвици и стратегии за одржливи и координирани напори за зачувување, рече Рамадани. ас/мд/

фото: МИА 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан