• четврток, 21 ноември 2024

Во Тетово до 15 часот за претседател - 21,31 проценти излезеност, за пратеници - 37,01 отсто

Во Тетово до 15 часот за претседател - 21,31 проценти излезеност, за пратеници - 37,01 отсто

Тетово, 8 мај 2024 (МИА) - За претседател до 15 часот во општина Тетово гласале 21,31 отсто од избирачите или 17.818 од вкупно 86.405 лица во избирачкиот список. По општини во руралниот дел од тетовското подрачје - до 15 часот во Теарце излегле 15,76 отсто, Јегуновце - 23,44 проценти, Желино - 11,60 отсто, Брвеница - 23,57 проценти и во Боговиње - 7,95 отсто.

Правото на глас за избор на пратеници во општина Тетово го искористиле 31.000 од 86.550 граѓани или 37,01 отсто. До 15 часот за пратеници, во руралните тетовски општини - во Теарце излегле 31,15 отсто, Јегуновце - 31,52 проценти, Желино - 26,52 отсто, Брвеница - 29,63 проценти, а во Боговиње - 24,62 отсто. ас/бд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан