• недела, 21 јули 2024

Во тек е пријавувањето за натпреварот за фрлање авиончиња од хартија „Red Bull Paper Wings“

Во тек е пријавувањето за натпреварот за фрлање авиончиња од хартија „Red Bull Paper Wings“

Скопје, 10 март 2022 (МИА) - Сите заинтересирани „пилоти“ кои сакаат да учествуваат на годинешниот „Red Bull Paper Wings“ можат да ги подготват своите А4 листови хартија и да се пријават за учеството во натпреварот за правење авионче од хартија.

Како што информираат од „Ред Бул“ натпреварот брои три категории и тоа дистанца - авиончето што ќе одлета најдалеку, времетраење на лет - авиончето што најдолго ќе се задржи во лет, и аеробатика - најкреативен настап.

Доаѓајќи од повеќе од 60 држави, националните победници од сите три категории ќе бидат поканети на Светското финале на  „Red Bull Paper Wings“, каде ќе бидат крунисани светските шампиони.

Пилотите кои сакаат да стигнат до Светското Финале мора да поминат преку квалификациите кои ќе се одржат на 27 март 2022 година со почеток во 15 часот во Спортски Центар Форца, националното финале, закажано за 1 април 2022 во 15 часот во East Gate Mall и аеробатика, која ќе се одржи целосно онјалн

Победниците од секоја категорија ќе имаат шанса да ја претставуваат Македонија на Светското финале во познатиот Хангар 7 во Салцбург, Австрија во мај, каде ќе се натпреваруваат рамо до рамо со светската елита во правење хартиени авиончиња. Од тука, шампионите од секоја категорија ќе добијат летечко искуство со реномираната флота на Flying Bulls

Пријавувањето и сите подетални информации можете да ги најдете тука. ар/цр

Остани поврзан