• понеделник, 23 декември 2024

Во Струшкиот суд одложено првото рочиште за случајот со родилката Веапоска поради отсуство на обвинетите

Во Струшкиот суд одложено првото рочиште за случајот со родилката Веапоска поради отсуство на обвинетите
Струга, 6 јуни 2022 (МИА) – Одложено првото рочиште од судскиот процес против тројцата лекари, кои се товарат за несовесно лекување и вадење органи на родилката Јилдз Веапоска што денеска требаше да се одржи во Основниот суд во Струга. Рочиштето е одложено поради отсуство на обвинетите. Адвокатот на Веапоска Сашо Јанев вели дека колку и да се одлага предметот не може да се избега од фактот дека неговата клиентка е останата без три органи во Струшката болница. -Може да одлагаат колку сакаат, но факт е дека судењето мора да почне. Се работи за кривично дело, несовесно лекување на болни и максималната казна е до пет години. Судот и обвинителството си ја знаат својата работа и очекуваме позитивен исход, односно оние кои го сториле кривичното дело да одговараат пред закаонот, изјави Јанев, по одлагањето на рочиштето. Тој очекува да заврши две годишната агонија за неговата клиентка и оти е ја почитуваат одлуката на судот. Оштетената Веапоска, пак, која при царски рез останала без атка, јајници и бубрег, посочува дека две години се соочува со неправда, и оти покрај здравствено и психички не се члуствува добро. -Докторот се брани со тоа дека совеста му е чиста и не направил ништо, ми го спасил живот. Но, каков живот ми спаси кога јас сум половина човек. Јас сум без органи и каква чесност има тој доктор. Тој како ќе ме погледне мене во лице. Треба да му се одземе лиценцата за работа и да не работи веќе да не осакатува други жени, рече Веапоска. За случајот со родилката Веапоска, Лекарската комора првично утврди дека нема лекарска грешка, но, по спроведена постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против три лица. На 7 мај годинава ОЈО информираше дека првообвинетиот како лекар – специјалист гинеколог акушер, второобвинетиот како лекар – специјализант по гинекологија и акушерство и третообвинетата како лекар – гинеколог акушер, вработени во Јавната здравствена установа – Медицински центар – Струга, при укажување лекарска помош примениле очигледно неподобно средство и начин на лекување врз пациентка – родилка од Дебар, со што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба. сс/сст/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан