• петок, 22 ноември 2024

Во Струмица отворена првата промотивна работилница „Кон побезбедна инклузивна заедница за децата преку почитување на правото на детето“

Во Струмица отворена првата промотивна работилница „Кон побезбедна инклузивна заедница за децата преку почитување на правото на детето“

Струмица, 6 декември 2023 (МИА) - Во просториите на „Младинскиот центар“ во Струмица денеска е отворена првата промотивна работилница насловена „Кон побезбедна инклузивна заедница за децата преку почитување на правото на детето“. Работилницата е во организација на невладината „Двоја надеж“, финансирана од Институтот за европска политика „ЕПИ- Скопје“, како дел од проектот „Заедничка акција за човекови права“.

Работилницата ја отвори градоначачлникот Костадин Костадинов, кој истакна дека овој проект преку оваа работилница почнува да се реализира од Струмица.

- Кога во прашање се правата на децата и воопшто човековите права, ние сме должни, секој од позицијата која ја има во заедницата и општеството, да го дадеме нашиот максимален влог за нивно почитување и унапредување, а сето тоа да го правиме во сооднос со националните, европските и светските права и конвенции. Токму затоа, вакви и слични проекти кои во центарот на своето внимание ги имаат децата, заслужуваат безрезервна поддршка, рече струмичкиот градоначалник.

Проектот ќе се реализира во наредните осум месеци преку четири фази, а главна цел е подигање на свеста и капацитетите на децата и на креаторите на јавни политики за поголема инклузивност и безбедност на децата во локалната заедница преку унапредување на почитувањето на правата на децата.

На денешната работилница присуствуваа претставници од стручните служби, наставници и професори од средните и основните училишта, претставници на Локалниот совет за превенција, претставници од СВР Струмица, јавното здравство, невладиниот сектор, родители и ученици. рт/дма/

Фото: Општина Струмица

Остани поврзан