• петок, 22 ноември 2024

Во собраниска процедура Предлог-законот со кој првпат се регулираат критповалутите и дигиталниот имот

Во собраниска процедура Предлог-законот со кој првпат се регулираат критповалутите и дигиталниот имот
Скопје, 21 март 2022 (МИА) – Предлог-законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, во прво читање, со кој првпат во земјава се регулираат виртуелните, односно критпосредствата познати како криптовалути и дигиталниот имот, помина денеска на седница на собраниската Комисијата за европски прашања. Пред членовите на Комисијата, Предлог-законот за спречување перење пари и финансирање тероризам го презентираше заменик-министерот за финансии Филип Николовски, кој истакна дека причините за  донесување на Законот, произлегуваат од потребата за негово усогласување со европското acquis односно законодавство во областа на борбата против организираниот криминал, и одредбите од Директива 2018/843 за спречување на користење на финансискиот систем за целите на перење пари и финансирање на тероризам од 2018 година. Исто така, додаде, ревидирани се препораките на ФАТФ и последно дополнети во октомври, 2020 година. Во Предлог-законот се вградени и решенија во насока на надминување на ризиците идентификувани со Националната проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам усвоена во 2020 година. -Со законот првпат започнува регулација на криптосферата, вклучувајќи го аспектот на ризиците од перење пари и финансирање на тероризам, како едни од значајните ризици поврзани со виртуелните, односно криптосредствата имајќи ги предвид нивните карактеристики со кои се овозможува одреден степен на анонимност на учениците во трансакциите, рече Николовски. Тој додаде дека дефинирајќи ги поимите виртуелни средства, даватели на услуги поврзани со виртуелни средства, паричници за виртуелни средства, криптомати итн. како и утврдувањето на обврски за давателите на услуги поврзани со криптовалутите да преземат мерки и дејствија за спречување на перење пари, финансирање тероризазиам, утврдување механизми за контрола при потенцијални злоупотреби со виртуелни средства, утврдување на надзорен орган на давателите на услуги поврзани со виртуелни средства од аспектите поврзани со спречување перење пари и финансирање тероризам, ќе ги намали инхерентно високите ризици, односно степенот на ранливост на националниот систем во справувањето со предизвиците кои ги носат виртуелните средства. Со тоа, посочи заменик министерот за финансии, ќе се создаде реална можност за заштита на платниот систем и стопанството во целост како објект на заштита на кривичното дело перење пари и други приноси од казниво дело, а со тоа и целокупниот економско - финансиски систем од ерозија. - Прашањето со регулирање на оваа сфера е актуелна на глобално ниво, некои држави имаат донесено законски решенија, а со цел да се привлечат инвеститори во виртуелни средства и да се отворат за иноватни технологија врз оносна на која се создадени овие средства, нагласи Николовски. Меѓу решенијата содржани во Предлогот законот се и редефинирање на опсегот на субјектите кои се задолжени да преземаат мерки и дејствија за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, односно како нови субјекти се воведени: лицата кои тргуваат или дејствуваат као посредници во трговија со уметнички дела, вклучително уметнички галерии или аукциски куќи и давателите на услуги поврзани со виртуелни средства. Понатаму обврските за субјектите кои се однесуваат на идентификација, се доведуваат во линија со 5-та ЕУ Директива и стандардите на ФАТФ; за целите на идентификација на клиент - физичко лице покрај употребата на оригинален и важечки документ за идентификација, се предвидува доколку е возможно употреба на средства за електронска идентификација издадени во рамки на регистрирана шема за електронска идентификација на високо ниво на сигурност согласно закон. Со решенијата се прецизираат и усогласуваат со 5-та ЕУ Директива одредбите кои се однесуваат на вистинските сопственици, како и дугите прашања поврзазни со Регистарот на вистински сопственици. Се поширува и бројот на субјекти кои доставуваат извештаи до Управата, односно давателите на услуги поврзани со виртуелни средства ќе ја известуваат Управата за  размена на виртуелни средства и фиат валути или пари во износ од 1.000 евра, како и извршителите за извршени продажби со усно јавно наддавање и договори за продажба со непосредна спогодба со кои се стекнува право на сопственост на имот во вредност над 15.000 евра, а, со дел од решенијата  се прецизираат и надлежностите на Управата за финансиско разузнавање, како и одредбите за соработката на Управата со други надлежни органи и единици за финансиско разузнавање на други држави. - Владата цврсто верува дека овој закон ќе доведе до позитивен пресврт во борбата против перењето пари како еден од најсофистицираните облици на организиран криминал и затоа предлага истиот да биде усвоен, рече Николовски. Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ го поддржаа носењето на законот, но со забелешка дека власта доцни, наспроти земјите од соседството. Тие упатија забелешка во однос на некои членови на законот како што е регулирањето на давателите на услуги поврзани со виртуелни средства. - Давателите на услуги се должни да ја известат Управата, но јас не видов кој е надлежен за супервизијата. Во Грција на пример за супервизијата надлежен е Хеленик капитол маркет комишн, во Албанија Централната банка е надлежна и за издавање лиценци и за супервизија, а кај нас тоа не е доволно регулирано и објаснето, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков. Расправата по втората точка на денешната седница за Предлог-законот за платежни услуги и платни системи, кој се носи по скратена постапка, во второ читање, не започна. Претседателот на Комисијата Арбер Адеми ја прекина седницата откако пратениците од опозицијата побараа да ги добијат во пишана форма амандманите на законот, по што седницата треба да продолжи. вг/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан