• понеделник, 23 декември 2024

Во Собранието седници на две комисии

Во Собранието седници на две комисии

Скопје, 11 јануари 2024 (МИА) - Во Собранието денеска седница ќе одржат  Законодавно правната комисија и Комисијата за здравство.

На дневен ред на 25. седница на Комисијата за здравство е Јавната расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, по скратена постапка, поднесен од пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов.

Членовите на Законодавно правната комисија во рамки на  213. седница ќе дискутираат за Предлог на законот за употреба на македонскиот јазик, во второ читање.

Додека, на 124.седница на Законодавно правната комисија се неколку точки - Статутот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ - Скопје ( I фаза), Предлог на законот за изменување на Законот за сигурност во железничкиот систем, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за железничкиот систем, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за интероперабилност во железничкиот систем, по скратена постапка, Предлог на законот за воздухопловство во второ читање, Предлог на законот за дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка и Барањето за давање на автентично толкување на членовите 124 и 125 од Закон за општата управна постапка („Службен весник на РМ" бр. 124/2015), поднесено од градоначалникот на Општина Центар. фф/aa/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан