• понеделник, 23 декември 2024

Во Смилево одбележани 120 години од одржувањето на Смилевскиот Конгрес

Во Смилево одбележани 120 години од одржувањето на Смилевскиот Конгрес

Демир Хисар/Смилево, 5 мај 2023 (МИА) - Општина Демир Хисар пригодно го одбележа големиот јубилеј, 120 години од одржувањето на Смилевскиот Конгрес.

Делегација на општината предводена од градоначалникот Никола Најдовски и претставници на јавниот живот од Демир Хисар, во славно Смилево положија цвеќе пред спомен костурницата на великанот Даме Груев и на славните Смилевци, Илинденци, со што се одбележа големиот историски настан, Смилевскиот конгрес.

-Историските датуми, значајни за македонскиот народ, а кои се случиле во нашата општина, секогаш традиционално и достоинствено ги одбележуваме..Од ова легендарно место каде што се одржа Смилевскиот Конгрес, сакам да порачам дека силни и вечно македонски се и ќе останат спомените за нашиот сограѓанин, една од најмаркантните личности, синови на Македонија на 20. век, почитуван учител, непоколеблив револуционер, харизматичен водач, Даме Груев, истакна градоначалникот Најдовски.

Големиот јубилеј, 120 години од одржувањето на Смилевскиот Конгрес со низа свечени активности го прославија и училишниот колектив и учениците од ООУ „Даме Груев“ во Смилево. мт/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан