Во Словачка повторно ќе биде воведена вонредна состојба
- Словачкиот премиер Игор Матович денеска најави дека повторно ќе се воведе вонредна состојба во текот на неделата поради раст на бројот на заразени луѓе со новиот коронавиру
Братислава, 28 септември 2020 (МИА) - Словачкиот премиер Игор Матович денеска најави дека повторно ќе се воведе вонредна состојба во текот на неделата поради раст на бројот на заразени луѓе со новиот коронавирус.
- Ситуацијата е исклучително сериозна и мислам дека треба да донесеме темелни и смели одлуки, истакна Матович по состанкот со Кризниот штаб.
Најверојатно Владата в среда ќе прогласи вонредна состојба, вторпат од почетокот на пандемијата со Ковид-19.
Се предлага сите спортски, културни и верски настани да бидат забранети од 1 октомври, а венчавките и погребите ќе бидат дозволени само ако присутните докажат дека се негативни на новиот коронавирус. Угостителските објекти да работат до 22 часот, да се почитува физичката дистанца од два метра и да биде задолжително носењето маски.
Во Словачка со население од 5,4 милиони луѓе има 9.343 инфидирани лица од почетокот на епидемијата и 44 смртни случаи. На 25 септември беа регистрирани рекордни 552 позитивни случаи на дневно ниво. ми/