• сабота, 23 ноември 2024

Во Скопје 115 санкционирани возачи, 69 за брзо возење

Во Скопје 115 санкционирани возачи, 69 за брзо возење
Скопје, 3 август 2022 (МИА) - На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се вкупно 115 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 69 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Изречени се четири мерки за возење под дејство на алкохол, информираат од МВР, три санкции за нерегистрирани возила, три мерки за користење мобилен телефон... Засилените акциски контроли продолжуваат. цр/

Остани поврзан