Татко прикажувал порнографски содржини пред својот малолетен син
- Како што соопшти Обвинителството, осомничениот подолг временски период, во текот на 2025 и 2026 година, во семејната викенд куќа во селото Облаково прикажувал порнографски содржини и се самозадоволувал пред неговиот 10-годишен син, при што го наведувал и детето да гледа и да се самозадоволува.
Скопје, 15 април 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 54-годишно лице, за кое постои основано сомнение дека сторило продолжени кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 3 и Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти Обвинителството, осомничениот подолг временски период, во текот на 2025 и 2026 година, во семејната викенд куќа во селото Облаково прикажувал порнографски содржини и се самозадоволувал пред неговиот 10-годишен син, при што го наведувал и детето да гледа и да се самозадоволува.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот. дма/вј/
Фото: МИА архива