• петок, 28 јуни 2024

Во Скопје 104 санкционирани возачи, 29 се возачи на мотоцикл

Во Скопје 104 санкционирани возачи, 29 се возачи на мотоцикл

Скопје, 10 јуни 2024 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден во контролите во областа на сообраќајот на територија на град Скопје изрекол вкупно 104 мерки, соопштија денеска од МВР.

Меѓу изречените мерки, за возење без возачка дозвола се 18 санкции, 29 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за користење мобилен телефон при возење. Изречени се 11 мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.цр/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан