• вторник, 02 јули 2024

Во Скопје спроведена петта фаза од дезинсекција на ларви од комарци

Во Скопје спроведена петта фаза од дезинсекција на ларви од комарци

Скопје, 19 септември 2023 ( МИА) -  Град Скопје информира дека во петок на подрачјето на градот Скопје ќе се реализира петта фаза против ларви од комарци. Дезинсекцијата ќе се изврши во раните утрински часови, а во текот на денот и терестричната дезинсекција.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини.

-Се апелира до пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, наведуваат од Град Скопје. љм/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан