• понеделник, 01 јули 2024

Во Скопје за една недела санкционирани 179 непрописно паркирани возила

Во Скопје за една недела санкционирани 179 непрописно паркирани возила
Скопје, 08 јуни 2021 – ЈП Паркинзи на Општина Центар, во соработка со сообраќајната полиција-Скопје, изминатата седмица санкционирале 179 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. -Во периодот од 31 мај до 6 јуни, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 123 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 56 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од ЈП ПОЦ. Оттаму потенцираат дека заедно со Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на општината. -Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, велат од ЈП ПОЦ.ир/лв/

Остани поврзан