• сабота, 21 декември 2024

Во северна Франција поплавени домови и земјиште

Во северна Франција поплавени домови и земјиште

Париз, 10 ноември 2023 (МИА) - Непрекинатите поројни дождови во последните денови во северна Франција предизвикаа излевање на речните корита, поплавени домови и обработливо земјиште и наложија евакуација на локалното население.

Повеќе од 100 населени места се во состојба на готовност, а околу 200 училишта во областа беа затворени. Спасувачките екипи мораа да евакуираат и добиток.

Министерот за животна средина Кристоф Бешу рече дека ќе биде прогласена вонредна состојба во десетици населени места за да им се олесни на сопствениците на оштетените станбени имоти и бизниси да аплицираат за компензација од осигурителните компании. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан