• понеделник, 23 декември 2024

Во САД стапи во сила антиимигрантско правило засновано на застарен колонијален закон

Во САД стапи во сила антиимигрантско правило засновано на застарен колонијален закон
Вашингтон, 24 јануари 2020 (МИА) - Во САД денеска стапи во сила измената во имигрантскиот закон, со која апликациите на имигрантите за постојан престој можат да бидат одбиени од имиграциските служби доколку тие користеле социјални бенефиции од државата, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Според таканареченото правило „државен трошок“, апликациите за постојан законски престој на имигрантите кои користеле социјални бенефиции како бонови за исхрана, здравствена помош или други државни програми за помош, може да бидат одбиени. Критичарите на ова правило, чие воведување во петокот беше потврдено од Врховниот суд на САД, велат дека со ова се дискриминираат апликантите за „зелена карта“, од такви категории како азиланти, апликанти со времено заштитен статус, жртви на трговија со луѓе или на организиран криминал. Имигрантите без документи немаат право да аплицираат за социјални бенефиции, така што правилото ги жигосува сите други социјално загрозени лица во САД кои законски се пријавиле да примаат помош од државата, велат критичарите на Трамп. - Администрацијата на Трамп избрза со барањето Врховниот суд да се изнесе по ова правило, изјави Соња Сотомајор, либерална судијка во Врховниот суд на САД. Активистите за имигрантски права сметаат дека воведеното правило може драстично да го скрати издавањето на имигрантски визи и „зелени карти“ во САД. Според најново истражување на „Кајзер семејна фондација“, со правилото „државен трошок“ можат да бидат одбиени и до 42 отсто од имигрантските апликации за „зелена карта“. Администрацијата на Трамп го правда ова правило споредувајќи го со состојбите кои владееле во колонијална Америка во 19. век кога опстанокот на колонистите зависел од нив самите. - Колонистите биле самостојни, и како дел од американскиот визија тоа било запишано во Закон во 1882 година, кога Конгресот изгласа „забранa зa имигрантите кои не се способни да се грижат за себе без да станат трошок на државата“, укажаа од администрацијатa кога ги најавија предложените законски измени. Сепак, овој Закон остана на маргините на американската легислатива откако САД во 20. век станаа индустрики најразвиена земја, а потоа и светска сила, а една од причините за тоа се политиките кои охрабруваат имиграција во земјата. кб/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан