• понеделник, 23 декември 2024

Во САД за време на викендот се регистрирани 12 вооружени напади и осум загинати лица 

Во САД за време на викендот се регистрирани 12 вооружени напади и осум загинати лица 
Вашингтон, 31 мај 2022 (МИА) - Најмалку осум лица загинаа, а 55 се ранети во масовни стрелби за време на празничниот викенд во САД, објави денеска Вашингтон пост, повикувајќи се на податоци на Архивата за оружено насилство (Gun Violence Archive). Весникот дознава дека во повеќе од овие вооружени пресметки учествувале малолетници. Се наведува дека по трагичниот напад во основото училиште во Јувалди, Тексас, минатата недела кога загинаа 19 деца и двајца возрасни, во масовни стрелби биле убиени 11 луѓе, а 67 биле ранети. Архивата за вооружено насилство е невладина и непрофитна организација и според неа масакр е кога „четири или повеќе лица се погодени или убиени, не вклучувајќи го напачѓачот“. Според организацијата, неколку од овие пукотници се случиле за време на забави за Ден на сеќавањето. Во многу од овие напади учествувале малолетници. Масакри како оние во Бафало и во Јувалди станаа национални вести, но многу масакри не се. Тие само остануваат локални приказни, рече Брајан Стелтер, водител на Си-ен-ен, во емисија за вооруженото насилство во САД. Тој најави дека за викендот се случила уште еден вооружен инцидент, овој пат во Чатанога, Тенеси, каде шест малолетници биле повредени. Жртвите биле на возраст од 13 до 15 години. кб/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан