• петок, 20 декември 2024

Во Пустец отворена манифестацијата „Македонско културно лето 2023"

Во Пустец отворена манифестацијата „Македонско културно лето 2023

Пустец, 28 јули 2023 (МИА) - Со настап на ансамблот „Преспа" на плоштадот Гоце Делчев во Пустец, Мала Преспа, Албанија, синоќа свечено беше отворено 16.то издание на фестивалот „Македонско културно лето 2023". 

Фестивалот е поддржан од Општина Пустец и градоначалникот Пали Колефски, македонското Министерство за култура, Обединета македонска дијаспора, Кромберг и Шуберт и Општина Велес. 

На првиот фестивалски ден, пред публиката беше изведена и театарска претстава „ЈЗУ Европа" во изведба на извонредните штипски актери. 

Фестивалот кој е главен културен двигател и културен промотор во Општина Пустец во организација на Здружението СОНЦЕ и Едмонд Сотир, годинава ќе трае до 30.ти јули, а ќе бидат одиграни и претставата, „Лидија или се што знам за жените", „Поетски слем Македонија" и концерт на „Трио џентлмен". вт/дма/

Остани поврзан