• понеделник, 23 декември 2024

Во пресрет на самитот на НАТО, Ердоган со лидерите на Шведска и Финска

Во пресрет на самитот на НАТО, Ердоган со лидерите на Шведска и Финска

Анкара, 27 јуни 2022 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе присуствува на состанокот со лидерите на Шведска и Финска во вторник, пред самитот на НАТО во Мадрид, изјави портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин.

Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО како одговор на рускиот напад врз Украина, но нивните кандидатури се соочуваат со противење од Анкара поради, како што се наведува, поддршката за курдските милитанти и ембаргото за оружје на Турција.

Во интервју за истанбулскиот весник „Хабер Турк“, Калин рече дека тој и заменик министерот за надворешни работи Седат Онал ќе присуствуваат на утрешните разговори со шведската и финската делегација во Брисел.

Портпаролот на турскиот претседател предупреди дека присуството на Ердоган во преговорите со Шведска, Финска и НАТО „не значи дека Турција ќе отстапи од својата позиција“. паг/

Остани поврзан