• четврток, 18 јули 2024

Во првиот квартал дијаспората во БиХ испратила 341 милиони евра 

Во првиот квартал дијаспората во БиХ испратила 341 милиони евра 
Сараево, 13 јули 2021 (МИА) - Граѓаните на Босна и Херцеговина кои работат во странство испратиле дознаки во износ од 666,9 милиони конвертибилни марки (340,98 милиони евра) во првите три месеци од годинава. Според податоци на Централната банка на БиХ во истиот период во 2020 година биле испратени 663,9 милиони конвертибилни марки (339,44 милиони евра). Минатата година дијаспората испратила 2,51 милијарди конвертибилни марки (1,28 милијарди евра) во БиХ, што е значително пониско на годишно ниво отколку во 2019 година, кога пристигнале 2,95 милијарди конвертибилни марки (околу 1,51 милијарда евра). Централната банка на БиХ нема официјални податоци за дознаките по држави, но босанската дијаспора најбројна е во земјите од Западна Европа, Скандинавија и Северна Америка. ми/

Остани поврзан