• понеделник, 23 декември 2024

Во првата половина на 2021. вкупно 151 дојава на СОС линијата за деца и млади

Во првата половина на 2021. вкупно 151 дојава на СОС линијата за деца и млади
Скопје, 9 јули 2021 (МИА) – Во текот на првата половина од 2021 година, на СОС линијата за деца и млади добиени се вкупно 151 дојава. Вкупниот број деца и млади кои се опфатени со дојавите изнесува 223, а дополнително се остварени 226. Од 223-те деца и млади се опфатени со дојавите, а од нив 99 се машки, сто женски деца, а за 24 деца не е познат полот. Споредбено со првата половина од 2019 година, кога имало 50 дојави и 2020 година, 115 дојави, бројот на дојавите е зголемен за три пати во однос на 2019, односно за една третина во однос на 2020 година, покажуваат наодите од работата на СОС телефонот за деца и млади при Детската амбасада Меѓаши, што денеска беа презентирани. - И оваа година административниот фиксен број на Детската амбасада Меѓаши беше најчесто користен канал за комуникација, поточно примени се 133 дојави преку овој број. Најголемиот број од децата или 197, живеат во урбана средина, 20 деца живеат во рурална средина, а шест е непознато во каква средина живеат. Бројот на јавувачите од руралните средини, како и во претходните години, останува многу мал во однос на бројот на јавувачите од урбаните средини, велат од Меѓаши. Од амбасадата додаваат дека, можна причина за малиот број на пријави од руралните средини може да биде неинформираноста на луѓето коишто живеат во руралните средини во врска со правата на децата, начинот и постапката за нивна заштита, како и недоволното промовирање на СОС-линијата во овие средини. Секако, меѓу причините е и фактот дека најголем дел од населението живее во урбана средина. За 223 деца постои можно прекршување на едно или повеќе детски права, а како најчести прекршувања се наведени семејните односи, односно прекршување на правото на детето за видување со едниот родител при бракоразводни постапки и непочитување на решенијата од центрите за социјална работа, а веднаш потоа се пријавите за прекршувањата на правата на детето при насилство, меѓуврсничко насилство, физичко насилство, ментално и емоционално насилство, занемарување негрижа, сексуално насилство. - На трето место по зачестеност е прекршување на правото на пристапност до институции, социјални, здравствени и други услуги, потоа проблеми поврзани со ментално здравје, училиште и физичко здравје. Кај голем дел од дојавите пријавениот проблем е комплексен и може да се регистрира во повеќе категории, со што бројот на засегнати деца по категорија на проблем е поголем од бројот на деца кои се опфатени на кои се однесуваат дојавите бидејќи едно дете се брои повеќе од една, односно од бројот на категории во кое е регистриран проблемот, велат од Детската амбасада. Во однос на преземање активности за решавање на проблемите, од Меѓаши истакнаа дека се остварени контакти и соработка со други организации, служби и институции и во најголем број соработката била успешна и било најдено решение. Тимот на СОС-телефонот најчесто соработувал со центрите за социјална работа, Интервентиот тим при скопскиот Центар, како и центрите од другите градови, Секторот за внатрешни работи, училишта, Здружението на млади правници, Коалицијата за правично судење, Прв семеен центар како и други чинители и организации заради давање подобра и поефикасна поддршка на јавувачите. - Со нашето долгогодишно искуство во соработката со центрите за социјална работа имавме можност да увидиме дека огромниот број случаи и недоволниот број на човечки ресурси кои треба да бидат вклучени во активно водење и следење на еден случај е клучниот проблем за ненавремено постапување и заштита на децата, додаваат од Амбасадата. Како дополнителен проблем, Меѓаши го посочи немањето обуки на вработените во постапување со деца, како и мерките што ги има центарот во негова надлежност. Тие велат дека секогаш се отворени за соработка, насоки и поддршка со цел да се помогне и подобри ситуацијата. ки/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан