• четврток, 19 декември 2024

Во Португалија утре ќе се одржат парламентарни избори

Во Португалија утре ќе се одржат парламентарни избори
Лисабон, 29 јануари 2022 (МИА) - Во Португалија утре ќе се одржат парламентарни избори, каде се преземени дополнителни мерки на претпазливост откако владата одлучи да им дозволи на гласачите заразени со коронавирусот да ја напуштат изолацијата и да гласаат лично, заедно со сите други граѓани. Бидејќи се проценува дека околу 10 отсто од вкупно 10 милиони португалски граѓани сега се изолирани поради Ковид-19, владата во Лисабон минатата недела одлучи да ги укине ограничувањата за време на утрешното гласање. Изборната комисија на денешната прес-конференција соопшти дека „исполнети се сите услови гласањето да се одвива во апсолутно безбедни услови“. Како и многу европски земји, Португалија соборува неславни рекорди за бројот на заразени со корона, иако во последниот бран на сојот Омикрон е намалена смртноста и хоспитализирањата благодарение на високите стапки на вакцинација. Надлежните ги повикаа сите заразени со Ковид-19 да гласаат од 18 до 19 часот, но овој апел не е обврска и нема да има посебни избирачки места за заразените гласачи. зш/

Остани поврзан