• петок, 14 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во полициска акција пронајдено оружје на локалниот пат од село Орланци кон село Никуштак

Во полициска акција пронајдено оружје на локалниот пат од село Орланци кон село Никуштак

Скопје, 18 декември 2024 (МИА) - Оружје е пронајдено на локалниот пат од село Орланци во правец кон селото Никуштак во полициска акција што рано утринава ја спроведоа Единицата за брзо распоредување и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пронајдени се еден пушкомитралез, девет автоматски пушки, повеќе празни рамки за автоматска пушка и реденик за пушкомитралез, две рамки за автоматска пушка со куршуми, една тегла со муниција, ранец и други предмети.

Пронајденото оружје е предадено на вештачење во Одделот за форензички испитувања и се преземаат мерки за расчистување на случајот. бак/са/

Фото и видео: МВР

Остани поврзан