Во пожарот во станбената зграда во Антверпен загинаа пет луѓе
- Во пожарот што денеска зафати станбена зграда во Антверпен загинаа пет луѓе, јавија локалните медиуми додавајќи дека има и повеќе повредени.
Антверпен, 1 јули 2026 (МИА) – Во пожарот што денеска зафати станбена зграда во Антверпен загинаа пет луѓе, јавија локалните медиуми додавајќи дека има и повеќе повредени.
Идентификацијата на жртвите сè уште е во тек.
Бројот на загинати е намален, откако претходно белгиската полиција соопшти дека во пожарот загинале шест лица.
Противпожарната служба заврши со гаснењето на пожарот, а сите станари се евакуирани, вклучувајќи и 60 станари од соседната зграда.
Полицијата соопшти дека пожарот избувнал на приземјето од зградата, а не на осмиот кат како што првично се мислеше, како и дека причината веројатно е технички дефект. јт/
Фото: Х скриншот