• понеделник, 18 ноември 2024

Во Пехчево одржана првата средба од активноста „Колеџ на заедницата“ и „Младинска банка“

Во Пехчево одржана првата средба од активноста „Колеџ на заедницата“ и „Младинска банка“

Делчево, 18 октомври 2024 (МИА) - Во рамки на проектот „Направи разлика“, финансиски поддржан од УСАИД, во Пехчево се одржа првата средба „Колеџ на заедницата“ и „Младинска банка“. Како што информираше Елица Јовевска од Општина Пехчево активностите имаат за цел, да опфатат влијателни граѓани и што поголем број на млади од Општина Пехчево, кои сакаат активно да се вклучат во креирањето на подобра иднина.

-Младите ќе можат да предложат и спроведат иницјативи за решавање на тековни предизвици и потреби. 
Програмата „Младинска банка“ е соодветна за млади од 16 до 29 години, при што младите ќе можат да поминат серија од 3 обуки за кои ќе добијат сертификат и во пракса ќе можат да го применат наученото, а со тоа да создадат подобри услови за младите во Пехчево, истакна Јовевска.

Согледувајќи ја моменталната ситуација, според младите од Пехчево, заедницата треба да вложи огромен напор во насока на дефинирање на најважните насоки, потребни за успешен развој. 

-Се надеваме дека директното учество во проектот ќе придонесе кон создавање и спроведување решенија. Директната работа во заедницата ќе ни помогне како млади подобро да ги разбереме можностите, потребите и приоритетите едни на други со што ќе изградиме  заедничка основа за соработка и развој, истакнаа дел од младите учесници како заедничка порака од учеството во овој проект. 

Во програмата „Колеџ на заедницата“ беа презентирани досегашните постигнати резултати од реализацијата на проектот во останатите општини и беше воспоставен Колеџ на заедницата – Пехчево.

Активностите се спроведуваат од страна на Фондацијата за развој на заедницата од Штип и градоначалникот на Општина Пехчево кои претходно во просториите на Општина Пехчево потпишаа - Меморандум за соработка. вс/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан