• среда, 20 ноември 2024

Во Нигерија ослободени над 340 ученици, киднапирани од припадниците на Боко Харам

Во Нигерија ослободени над 340 ученици, киднапирани од припадниците на Боко Харам
Лагос, 17 декември 2020 (МИА) - Над  300 ученици кои беа киднапирани во северна Нигерија од припадниците на Боко Харам денеска им беа предадени на владините безбедносни сили, изјави гувернерот на државата Кацина, пренесоа британските медиуми. Гувернерот Амину Бело Масари во интервју за државниот ТВ канал „НТА“ изјави дека се ослободени вкупно 344 момчиња, кои биле држени во шума во соседната држава Замфара. -Најдовме поголем дел од момчињата, но не се сите, рече тој. „Момчињата, чие киднапирање го потврди исламистичката милитантна група Боко Харам, се на пат да се вратат во државата Кацина и утре да бидат подложени на медицински прегледи и повторно вратени во нивните семејства“, рече Масари. сд/

Остани поврзан