• петок, 22 ноември 2024

Во Неготино преку посета на рурални средини и училишта до поголема вакцинација 

Во Неготино преку посета на рурални средини и училишта до поголема вакцинација 

Неготино, 2 мај 2024 (МИА) - Во Неготино преку посета на рурални средини и училишта се прават напори да се дојде до поголема вакцинација. Ова го потврди за МИА, Билјана Филипова, в.д. директор на неготинскиот Здравствен дом.  

-Во активностите во изминатиот период беа вклучени превентивната  и патронажната служба на ЈЗУ Здравствен дом Неготино. Беа посетени родителите во домашни услови во повеќето рурални  средини и дел од училиштата од нашата општина. Во разговор со родителите ја посочивме важноста за превентивна здравствена заштита и имунизација на нивните дечиња. На тој начин се надеваме дека со оваа акција се подигна свеста кај родителите за важноста на вакцинациите и заштита од заразни заболувања, подвлече Филипова.

Спец.педијатар д-р Марина Јовановиќ, рече дека оваа година Министерството за здравство под мотото ,,Принт за имунизација", по повод  недела на имунизација, ги активираше сите превентивни служби од целата наша држава, за теренско вакцинирање, се со цел да се  заштитат со вакцина  и за подобро здравје на сите наши дечиња. 

- Во општините Неготино и Демир Капија, вакцинираноста со примо вакцините изнесува 100 проценти.  Меѓутоа, после годинката, процентот на ревакцината  со Ди Те Пер и пневмококна вакцина се  во опаѓање, 55 - 60 отсто. Ова е затоа што на 12 месечна возраст потребно е да се прими  вакцината против мали сипаници, рубела и заушки, а родителите самите ја пролонгираат на двегодишна возраст, (почекуваат нивните дечиња да проодат, прозборат),за кое нема потреба  од такво нешто,  со што истовремено се пролонгира и периодот на другите ревакцини. Исто така и четиривалентната вакцина ГАРДАСИЛ која се става на 12 - годишна возраст само кај ученичките,  во општина Демир Капија одзивот се покажа доста низок, само 48 отсто. Оваа вакцина е доста важна за да се заштити женската популација од инфекции со ХПВ вирус, кој е причинител, од можна појава на  карцином на матка, појасни Јовановиќ. 

Неделата на имунизација, седмицата што измина,  била одбележана со посета на  родители чии дечиња имаа пропуштени вакцини и биле вакцинирани во своите домови. Исто така се спровела  вакцинација и  во   училиштето  ,,Димче Ангелов Габерот" во Демир Капија. 

- Со поставување на штанд на плоштад во Неготино, беа поделувани рекламни материјали и потсетување на родителите, да си ги заштитат навремено од заразни болести  своите најмили, со редовната вакцинација, подвлече Јовановиќ. свд/дма/


Фото : Здравствен дом Неготино 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан