• недела, 19 мај 2024

Во невремето на Крим исчезна едно лице, четворица се повредени, половина милион без струја

Во невремето на Крим исчезна едно лице, четворица се повредени, половина милион без струја

Крим, 27 ноември 2023 (МИА) - Во невремето што го зафати Крим, едно лице исчезна, а четири се повредени, соопшти денеска прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации.

Припадниците на тоа Министерство цела ноќ ги евакуирале луѓето од поплавените куќи и им пружале помош.

Денеска на Крим е неработен ден поради невремето, а надлежните служби ги предупредија граѓаните дека се очекуваат урагански ветрови и дожд со снег.

Советникот на лидерот на Крим, Олег Кријучков синоќа соопшти дека речиси половина милион жители на Крим останале без струја поради нeвремето. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан