• понеделник, 23 декември 2024

Во Москва температурен рекорд за 140 години, измерени 21 степен

Во Москва температурен рекорд за 140 години, измерени 21 степен
Москва, 14 април 2021 (МИА) - Во Москва во вторникот е постигнат апсолутен рекорд на температурата. Измерени се 21 степен Целзиусов. Ова е највисоката вредност за 140 години метеоролошки опсервации. Невообичаено топлото време за април ги изненади жителите на Москва. Претходниот рекорд беше поставен во 2008 година, кога беа забележани 20,4 степени. Денеска се очекува уште потопло време, со температура до 22-23 степени. паг/  

Остани поврзан