Во МНТ претставите ќе почнуваат во 19 часот
- Изведбите на претставите „Кец на десетка“, „Последната лента на Крап“ и „Влези не се соблакај“ ќе почнат во 19 часот, информираа од Македонскиот народен театар.
Скопје, 10 март 2021 (МИА) - Изведбите на претставите „Кец на десетка“, „Последната лента на Крап“ и „Влези не се соблакај“ ќе почнат во 19 часот, информираа од Македонскиот народен театар.
Посочија дека претставите ќе почнуваат еден час порано, согласно одлуката на Владата донесена вчера за воведување полициски час од денеска до 22 март, од 22 часот навечер до 5 часот наутро на територија на цела држава. рп/дма/