Во Македонска Каменица привршува изградбата на последните 150 метри од Градскиот Кеј
- Во Македонска Каменица привршува изградбата на последните 150 метри од кејот на Каменичка Река. Како што информираа од Општината, градежните работи се одвиваат според утврдената диманика и пл
Македонска Каменица, 25 септември 2021 (МИА) - Во Македонска Каменица привршува изградбата на последните 150 метри од кејот на Каменичка Река. Како што информираа од Општината, градежните работи се одвиваат според утврдената диманика и планот за работа, по што се очекува наскоро работите целосно да бидат завршени.
- Со реализирањето на оваа активност граѓаните на Македонска Каменица, наместо неуреден простор, добиваат уште едно катче за разонода, прошетки, спорт и рекреација, истакнаа од Општината.
Ваквите активности, додаде градоначалничката Соња Стаменкова, која изврши увид во работите, ќе продолжат и во наредниот период.
- Целта е со посветена работа Македонска Каменица да прерасне во модерна, развиена и современа Општина, додаде Стаменкова.
Паралелно од Општината додадоа дека продолжува уредувањето и на останатите површини во близина на Кејот на Каменичка Река. вс/цр