• среда, 04 декември 2024

Во Македонска Каменица презентирани активностите за претстојниот фестивал „Јаков од Камена Река“

Во Македонска Каменица презентирани активностите за претстојниот фестивал „Јаков од Камена Река“

Македонска Каменица, 6 ноемви 2024 (МИА) - Организациониот одбор на Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ денеска на прес-конфереција ги презентираше активностите за претстојниот фестивал што ќе се одржи на 22 ноември годинава.

Во рамки на фестивалот и оваа година,  како што кажа на прес конференцијата директорот на фестивалот Миле Ѓорѓијоски,  објавен е конкурс за убав испис на кирилица со краснопис на македонски јазик, кој освен за ученици од основните и средни училишта во Републиката, е наменет и за возрасни категории (интернационален). Воедно тој најави дека продолжува и соработката со библиотеките за избор на најчитан македонски автор. 

Влатко Ситновски од здружението „Надеж Норе“ кое е организатор на фестивалот најави дека годинава фестивалот ќе биде збогатен со гости од повеќе земји.

-Оваа година на фестивалот ќе ни бидат гости Македонскиот национален Совет од Чешка кои стојат зад фестивалот и професор на Христијанската академија во Рига, Летонија. Станува збор за врвен македонец, кој предава калиграфија а исто така од наша страна заедно со него ќе биде обезбедена и опрема за калиграфија која ќе биде отстапена на КИЦ Романса. И оваа година добитниците на наградите се особено еминентни професори, доктори на науки, дејци и писатели а исто така ќе имаме и друг универзитетски професор кој потекнува од Македонка Каменица а е признаен во својата фела во земјава и странство, истакна Ситновски.

Директорот на КИЦ „Романса“, Ванчо Велиноски истакна дека каменичкиот Центар за култура останува секогаш на располагање на сите активности поврзани со промоцијата на културните дејци од овој крај.

По прес-конференцијата во Фоајето како дел од фестивалските активности во соработка со КИЦ „Романса“ и Здружението за архитектура, дизајн и култура „Архифакт“-Скопје, а во  организација на Јасминка Намичева, автор на неформалната мрежа на музеи – МузеумЛинк беше отворена изложба на дела од познатиот македонски сликар Родољуб Анастасов.

Меѓународниот фестивал од областа на културата е посветен на првиот македонски печатар, Јаков од Камена Река. вс/дма/


Фото: Меѓународен фестивал Јаков од Камена Река (ФБ страна)

Остани поврзан