• вторник, 05 ноември 2024

Во Куманово доделени договори за работно ангажирање на образовни и лични асистенти на ученици со попреченост 

Во Куманово доделени договори за работно ангажирање на образовни и лични асистенти на ученици со попреченост 

Куманово, 1 септември 2023 (МИА) - Преку проектот „Инклузивна училница 2“, денеска во Општина Куманово беа доделени 15 договори за работно ангажирање на образовни и лични асистенти на ученици со попреченост во општинските средни училишта.

- Тринаесет невработени ќе бидат ангажирани за образовен асистент во средно образование кој ќе понуди помош и поддршка на ученикот при совладување на наставната содржина во координација со класниот раководител, предметните професори, стручната служба, како и семејството на крајниот корисник. Двајца лични асистенти во средно образование ќе работат индивидуално со ученици, ќе помагаат при социјализација и други потреби, информираа претходно од секторот.

Договорите ги подели овластениот раководител на Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и социјална заштита, Александар Крстевски.

Програмата се спроведува согласно договорот помеѓу Програмата за развој на Обединетите нации и Општина Куманово за имплементација на активности, каде УНДП обезбедува поддршка во рамките на проектот „Креирање можности за работа за сите IV., во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот

Општина Куманово од 2013 година, во континуитет учествува во Програмата општинско корисна работа со најразлични проекти кои обезбедуваат услуги за најранливите категории на граѓани. ам/аа/

Фото: Општина Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан