• петок, 22 ноември 2024

Во Кувајт втори парламентарни избори за девет месеци

Во Кувајт втори парламентарни избори за девет месеци

Кувајт сити, 6 јуни 2023 (МИА) - Во Кувајт денеска се одржуваат втори парламентарни избори во последните девет месеци во обид да се реши тешката политичка криза поради која Парламентот постојано се распушта и реконструира, што ги попречува економските реформи.

Несогласувањата меѓу назначената влада на земјата-членка на ОПЕК и избраниот парламент ги спречија фискалните реформи, вклучително и усвојувањето на законот за долгот кој му дозволува на Кувајт да пристапи до меѓународните пазари и да се справи со неговата голема зависност од нафта.

Последните избори во Кувајт беа во септември 2022 година, кога победија кандидатите на опозицијата.

Гласањето одржано во 2022 година беше поништено во март, а Парламентот беше повторно воспоставен со составот од 2020 година. Во мај тој Парламент повторно се распушти за нови избори.

Кувајт забранува политички партии и кандидати да се кандидираат како независни, но неговиот законодавен дом има поголемо влијание од сличните тела во другите монархии во Персискиот залив, вклучително и моќта да донесува и блокира закони, да испрашува министри и да поднесува предлози за недоверба.

Бројот на кандидати кои се натпреваруваат за 50 избрани позиции падна на 207, од 305 во 2022 година, најмал број кандидати од седумдесеттите. Емирот назначува до 15 други членови на Националното собрание. паг/

 

 

Остани поврзан