• четврток, 04 декември 2025

Во Крива Паланка одржана работна средба за управување со отпад со родова перспектива

Во Крива Паланка одржана работна средба за управување со отпад со родова перспектива

Крива Паланка, 31 октомври 2025 (МИА) - Општина Крива Паланка ќе изработува студија на случај за креирање мерки за подобрување на системот за управување со отпад, во рамки на проектот „Вклучување на родовата перспектива во испораката на локални услуги низ Југоисточна Европа”.

- Општина Крива Паланка беше избрана на јавниот повик на ЗЕЛС за изработка на студија на случај за креирање мерки за подобрување на системот за управување со отпад, во рамки на проектот како и имплементација на истата, „Вклучување на родовата перспектива во испораката на локални услуги низ Југоисточна Европа” што се спроведува преку НАЛАС (мрежа на асоцијации на локални власти во југоисточна европа), со финансиска поддршка од UN Women и експертска поддршка од ЗЕЛС. Како дел од активностите на проектот во општината се одржа работна средба на која прусуствуваа претставници од ЗЕЛС, од НАЛАС, од локалната самоуправа и координаторката за еднакви можности, кои дискутираа за конкретни предлози што ќе бидат опфатени и беа разгледани мерки за подобрување на системот за управување со отпад. Разговорите беа насочени кон идентификување на активности и мерки, со цел, процесот да стане поефикасен, поодржлив и поправеден, преку активно вклучување на жените и мажите во сите фази на донесување одлуки и спроведување на активности на локално ниво, информира службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка.

Оттаму посочуваат дека целта е да се развијат креативни и практични решенија што ќе ги земат предвид потребите и улогите на жените и мажите во процесот на одржливо управување со отпад и ќе дадат свој придонес во циркуларната економија, се во претстојниот период ќе бидат презентири и конкретните мерки што ќе се имплементираат во Општина Крива Паланка.ид/лв/

Фото: Општина Крива Паланка 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан