• сабота, 21 декември 2024

Во Крива Паланка гласале 224 болни лица, во Ранковце 41

Во Крива Паланка гласале 224 болни лица, во Ранковце 41

Крива Паланка, 23 април 2024 (МИА) - Од пријавените 238 изнемоштени и болни лица во Општина Крива Паланка денеска за Претседателските избори гласале 224.

Моника Костовска, претседателка на општинската изборна комисија Крива Паланка информира дека од вкупно 16 лица кои издржуваат казна затвор во отвореното одделение на казнено-поправната установа Крива Паланка, своето избирачко право го оствариле 15 затвореници.

Во Општина Ранковце пријавени за гласање биле 45, од кои денеска гласале 41.

На утрешниот прв круг од претседателските избори во Крива Паланка право на глас имаат 16 518 граѓани, запишани во единствениот избирачки список, а во Ранковце ќе гласаат вкупно 2913 граѓани. ид/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан