• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Кратово креативна работилница по повод Денот на Ромите

Во Кратово креативна работилница по повод Денот на Ромите

Крива Паланка, 8 април 2025 (МИА) - Со креативна работилница за млади, низ експресија и заедничко создавање уметност и литература посветени на ромската историја и култура, денеска напладне во Кратово ќе биде одбележан Меѓународниот ден на Ромите.

Креативната работилница ја организираат  Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација (RROMA) и Eвропска куќа Крива Паланка, во соработка со Дом на култура – Кратово и Музеј на град Кратово.

Организаторите најавуваат програма за интерактивно учење, уметничка експресија и заедничко создавање, со цел поттикнување на интересот на младите за ромската историја и култура.

Настанот ќе се одржи пред хотелот "Кратис", со почеток во 12 часот, а од Европската куќа Крива Паланка информираат дека предвидено е одржување интерактивна презентација за историјата и културата на Ромите преку инспиративно раскажување на бројни успешни млади Роми, запознавање на учесниците со значајни моменти од ромската историја и култура и тестирање на нивното знаење преку забавен квиз.

Ќе биде поставена изложба посветена на ромската култура, прикажувајќи ја богатата историја, традиција и уметност на Ромите, а младите ќе можат да учествуваат директно во: изработка на уметничка инсталација – создавање скулптура инспирирана од ромската култура и историја, креирање колективно уметничко дело, сликање и цртање мотиви од ромската традиција и современост, како и создавање и читање поетски и прозни текстови инспирирани од ромската историја.

На работилницата ќе учествуваат млади луѓе од повеќе градови од североисточниот регион. иб/вг/

Фото: Европската куќа Крива Паланка

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан