• понеделник, 23 декември 2024

Во Косово има 35.000 активни корисници на наркотици

Во Косово има 35.000 активни корисници на наркотици

Приштина, 21 август 2024 (МИА) - Во Косово има околу 35.000 активни корисници на дрога, од кои повеќето користат канабис и кокаин.

Координатор од Центарот „Лавиринт“ од Приштина, Мухарен Адеми изјави дека младите во просек со употреба на дрога започнуваат на 16-годишна возраст.

-Врз основа на нашите проценки за време на теренската работа и за време на работата во центарот, како и барањата за лекување, проценуваме дека во моментов има околу 35.000 активни корисници на дрога во Косово, од кои околу 10.000 се наркомани или проблематични корисници, како што ние ги нарекуваме. Тие наведени 10.000 се дрогираат најмалку три пати неделно, што значи дека се зависници, рече Адеми, пренесува Косово онлајн.

Според него, загрижува големата употреба на кокаин и крек што се регистрирани на пазарот.

Адеми нагласува дека има нерамнотежа во базата на податоци што ја имаат како центар, а се забележува дека мажите сочинуваат околу 91 отсто од корисниците на дрога, додека девет отсто се жени и девојчиња, на кои, додава, многу им е тешко да побараат помош, бидејќи мислат дека може да бидат стигматизирани во општеството.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан