• понеделник, 01 јули 2024

Во Кина регистрирани 26.155 нови случаи на Ковид, 1.364 повеќе од претходниот ден

Во Кина регистрирани 26.155 нови случаи на Ковид, 1.364 повеќе од претходниот ден
Пекинг, 17 април 2022 (МИА) - Во Кина во текот на вчерашниот ден се пријавени 26.155 нови случаи на коронавирус, од кои 3.529 симптоматски, а 22.626 асимптоматски, соопшти денеска Националната здравствена комисија. Ден претходно имаше 24.791 нови случаи - 3.896 симптоматски и 20.895 асимптоматски инфекции, кои Кина ги брои одделно. Повеќето случаи се во Шангај, кој моментално е центар на актуелната кинеска епидемија. Градот со 25 милиони жители во саботата пријави 21.582 асимптоматски случаи, што е повеќе од 19.923 случаи претходниот ден и 3.238 симптоматски случаи. паг/  

Остани поврзан