• понеделник, 23 декември 2024

Во Кенија по поплавите се трага по најмалку 91 лице

Во Кенија по поплавите се трага по најмалку 91 лице

Најроби, 30 април 2024 (МИА) - Службите за вонредни ситуации на Кенија денеска трагаат по најмалку 91 лице исчезнато во поплавите што ја погодија земјата, јавија светските агенции, цитирајќи го Министерството за внатрешни работи.

Најмалку 46 лица го загубија животот изутрината во одрон и поплава во градот Маи Махиу во централна Кенија, соопшти Министерството.

Преживеаните во Маи Махиу рекоа дека водата однела куќи, автомобили и железнички линии.

Уште 53 лица се водат како исчезнати во Маи Махиу, соопшти Министерството за внатрешни работи, а 76 лица се водат како исчезнати, соопшти Црвениот крст на Кенија.

Најмалку 169 луѓе загинаа во Кенија како последица на обилните дождови и поплавите минатиот месец. Повеќе од 185.000 се раселени, покажуваат владините бројки. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан