• вторник, 18 јуни 2024

Во карбинското село Радање се гради првото детско игралиште

Во карбинското село Радање се гради првото детско игралиште

Карбинци, 1 март 2024 (МИА) - Започна изградбата на новото детско игралиште во карбинското село Радање. Градоначалникот на Општина Карбинци денеска изјави дека тоа претставува и прво детско игралиште со површина од 511 метри квадратни во ова населено место, а се со цел младите да имаат можност своето слободно време да го поминат во рекреација и спорт. За изградба на игралиштето од буџетот на Општина Карбинци се издводени околу три милиони денари.

-Општина Карбинци за овој навистина убав и голем проект одвои речиси околу три милиони денари. Очекувам навистина да биде од корист на овдешните жители. Ова е прво детско катче во ова населено место, а село Радање е едно од поголемите места во Карбинци каде што навистина е потребно вакво катче, со кое дечињата ќе може да рекреираат, вели Паунов.

Тој истакна дека во наредниот период ќе продолжуваат активностите на терен во повеќе населени места на територија на Општина Карбинци, а ќе се работи во делот на спортот, културата, образованието.

-Општина Карбинци ќе продолжи понатаму континуирано да работи во повеќе населени места, повеќе области, пред се во делот на инфраструктурата, каде што работиме и не сме застанале од самиот старт на годината, но продолжуваме да работиме и во делот на спорт, проекти за млади, проекти во образованието и културата, рече Паунов. вдј/дма/

Фото: МИА

 
 

 
 

 

 
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан