• недела, 16 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Кавадарци се реализира дегустација пред Фестивалот на ракија

Во Кавадарци се реализира дегустација пред Фестивалот на ракија

Кавадарци, 14 март 2025 (МИА) - Стручни лица енолози  денеска реализираат дегустација на мостри, пристигнати по јавниот повик, во рамките на организацијата на Фестивал на ракија, што ќе се одржува следната сабота. За ова денеска информираа од Организациониот одбор на  првиот интернационален фестивал на јаки алкохолни пијалаци и ликери, во изјава за МИА. 

Меѓу членовите на комисијата за оценување се  истакнати стручни лица од оваа област. 

- Има повеќе категории на ракија во кои се врши оценување на квалитетот.  Лозова ракија, обоена и бела, овошни ракии од слива, круша, дуња, цреша, праска, црница. Ракии направени од друго овошје, бобинки и зачински билки, 
специјални ракии како мастика, џин, ликери. Доколку во категориите се појават повеќе од 10 примероци од иста ракија и ликер, ќе се формира нова категорија на ракија, појаснија организаторите на настанот. 

Притоа нагласија дека Тиквешијата како традиционално најголем лозаровинарски регион во државата, заслужува еден ваков фестивал за промоција на производите од грозје и презентација на мајсторството во областа на производството на ракија. свд/са/

Фото: Слободанче Јошеска

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан