• вторник, 07 мај 2024

Во Кавадарци одбележан Светскиот ден на детската литература 

Во Кавадарци одбележан Светскиот ден на детската литература 

Кавадарци, 2 април 2024 (МИА) - Градската библиотека „Феткин" од Кавадарци, вклучувајќи најмлади жители на градот, го одбележа Светскиот ден на детската литература и роденденот на авторот Ханс Кристијан Андерсен,  во соработка со детската градинка „Рада Поцева". 

- Истовремено, ова е прва наша заедничка активност со сестринската библиотека ,,Вук Караџиќ" од Ковин, Република Србија. Во исто време, се реализираат исти настани на исти начин и со исти материјали во двете библиотеки, поврзани сме преку видео повик, појасни директорот на кавадаречката библиотека, Петар Гурев. 

Децата од градинката беа вклучени во активности од три дела. Најпрвин им беше прочитана бајка од Андерсен. Потоа пристапија кон боење на боенки со ликови од неговите бајки, што ќе бидат изложени на огласна табла, за да може да бидат видени од посетителите на библиотеката. 

Гурев најави уште многу настани во периодот што следува. свд/дма/


Фото : МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан